Биолошки третмани
Третмани за акни
- Тераписки третман на акни без механичко истиснување и чистење на акните
- Со благи масажи и високо концентриран витамин А, ензими и лимонска киселина до чиста и сјајна кожа
Ова е сосема природен третман наменет за сите возрасти и за сите видови акни, проширени пори, масна и груба кожа, кај кои неманесакани ефекти, бидејки активните супстанции навлегуваат длабоко во епидермисот без да го оштетат површинскиот слој на епителот.
Третман за висока хидратација
- Губењето на влагата е ден од факторите што го забрзуваат процесот на стареење на кожата
- Со шест сериски третмани ќе ви се вратат сјајот, еластичноста и бојата на вашата кожа
- Третманот е наменет за сите возрасти
Хидролифтинг
- Ефективна терапија со видливи резултати. Го стимулира лачењето на колагенот и еластинот и ја прави вашата кожа помлада и поеластична
- Третман наменет за по 25 год.
Третман за избелување
- BIO WHITE - избелувачкиот комплекс од растителни екстректи и основен ензим за синтеза на меланин, врши просветлување на тенот и отстранување на пигментните дамки од вашата кожа.
Третман за кожата околу очите
- Коктел од енергија и долготрајна хидратација, која ја релаксира, измазнува, хидрира, стимулира и регенерира кожата околу очите, при што ја зголемува еластичноста на кожата, а ги редуцира брчките, како и потемнетите и отечени подочници
- Антистрес-ефект и релаксација
Третман за себорегулација
- Современа терапија за решавање на проблемот на масна кожа, која врши обезмастување и длабоко хидрирање на кожата. Третманот се базира на употреба на морски елементи и посебен начина на масажа со што се врши дренирање на масните јазли и контрола на лачењето на себумот
Биолошки третмани кои се инспирирани од морето и морските продукти. Системот за нега на кожата се состои на ефективноста на Целумер морскиот екстракт-природна состојка која покажува одредена сличност со нашата кожа а содржи кавијар, остриги, планктони, алги и школки. Целумер екстрактот и го нуди на нашата кожа целото богатство на морето во концентрирана форма и содржи хранливи состојки како што се: минерали, витамини, липиди, протеини и други материи неопходни за метаболизмот на кожата. Тие оптимално се апсорбираат во кожата и притоа ги стимулираат нејзините биолошки функции. Овие третмани даваат совршена рамнотежа и енергија на кожата потребно за нејзино подмладување и регенерација. Целумер екстрактот делува од ”внатре кон надвор”. Кожата станува свежа со свиленкаст сјај и зрачи со убавина.
Хидро третман со спирулина алга
Овој третман е наменет за сите типови кожа, посебна за сува и чувствителна. Го чисти површинскиот слој на кожата(дејство на правосмукалка), го зголемува метаболизмот со ослободување од токсините и и ја враќа изгубената влажност на кожата.
Третман со спирумед филм маска
Овој третман е наменет за сите чувствителни типови кожа, посебно делува кај кожа со купероза, акни и иритации. Ги чисти порите, ја навлажнува и смирува кожата и се препорачува за освежување на лицето, особено во летниот период. Како резултат на овој третман кожата станува мека, нежна, затегната, изгледа свежо и релаксирано, со прочистани пори.
Третман со витал лифт маска
Со витал лифт маската се постигнува:
- Подобрување на целокупната слика на кожата
- Затегнатост
- Спречување на појава на нови брчки и израмнување на постојаните
- Затворање на порите
- Смалување на лузните
- Длабинско чистење и отстранување на прекумерните маснотии, нечистотии, наталожените штетни материи, мртви клетки
- Детоксификација на кожата преку стимулација на лимфните патишта
- Стимулира ње на циркулацијата на крвта
- Подобрената снабденост со активни материи го зајакнува сврзното ткиво
- Активирање на парасимпатикусот
Овој третман е со повеќе намени. Се користи за зрела кожа и проблематична (со акни и лузни). Времетраењето на третманот е 1 час, а со масажа час и половина. Третманот се применува на секој четврти ден или еднаш неделно, а вкупно 4-6 третмани.