CACI QUANTUM
CACI QUANTUM 2007 најнова генерација
 |
CACI QUANTUM е најнапреден систем за третирање на лице и тело, кој има специфични програми за слабеење, контурирање, третирање, третирање на целулитот, лимфна дренажа, лифтинг на лице, намалување на брчките, акните и лузните. Значи без разлика кој дел ќе го третирате, Caci Quantum го има решението.
|
Caci Quantum микро системот е добитник на награда за најкористен третман во козметички салон. Маркетинг кампањата беше толку успешна, што сега Caci Quantum е синоним за нехируршки лифтинг на лице и третмани на многу славни личности.
 |
Caci Quantum претставува најнова генерација 2007 по најсофистициран апарат со безброј можности до здраво обликувано тело. Caci Quantum е решение на неверојатно ефикасни третмани на лице и тело за различни естетски проблеми. Најновиот модел со подобри можности и поголем број на програми е во чекор со технологијата на микро терапија.
|
Кејси третманот има 20 годиини поминати во медицински истражувања и е комплетно безбеден и безболен. Caci Quantum за прв пат дојде во Велика Британија и го доби името нехируршки лифтинг. Претходно се употребуваше само во полето на медицината, спортот, физикална повреда на колената.
 |
Тоа е оригинален нехируршки лифтинг, изум на др. Томас Винг од САД, кој првобитно го користел за третирање на пациенти со парализа од мозочен удар. Приметил дека повредената страна на лицето, после третманите била повисоко поткрената и измазнета. Од тогаш претпел многу измени и е најкорисен апарат за нехируршки лифтинг на лице и скулптура на тело.
|
Ги корегира опуштените мускули, ги подига, ја корегира и мазни опуштената кожа, ја стимулира циркулацијата и го спречува сушењето на кожата. Го подобрува кожното ткиво, ги намалува лузните предизвикани од акни, ги намалува дамките, ја подобрува сувата и дехидрирана кожа, како и масната, проблематична кожа. Ги редуцира брчките, ги намалува линиите околу устата, ги повлекува очните отоци и ги дренира синусите.
Стресовите во животот се покажуваат секаде на телото. Лицето е првото место каде се гледаат тие аномалии. Кожата се опушта, се јавуваат дамки, се прошируваат порите, мускулите го губат тонусот, мускулите околу устата и околу очите се опуштаат и се бораат со текоте на годините ако не се превземе нешто борите се шиарат и се продлабочуваат. Почнувате да изгледате постаро од годините.
 |
Со Caci micro-mode системот ќе ги забавите знаците на стареење, ќе ја зајакнете кожата на лицето и мускулите. Caci micro-mode системот користи сосема мала микро-струја, која всушност помага во тонирањето и подигнувањето на мускулите и функционира во хармонија со био-електричното поле.
|
Со стимулирање на благи вежби на лицето се стимулира циркулацијата и се зголемува производството на протеини како и колаген и еластин.
Micro-mode третманите се препорачуваат во серија од 10-15 третмани годишно. По завршената серија третмани потребни се доаѓања од еднаш месечно за одржување на кожата. Како крајна цел со серија од 10-15 третмани годишно, после 10 до 20 години ќе приметите дека многу сте направиле за вас, ќе изгледате многу по младо од вашата генерација, процесот на стареење ќе биде минато.
Додека оригиналниот Caci quantum систем прави неверојатни резултати на лицето, Caci quantum оди и чекор понатаму со тоа што ви дозволува да добиете нехируршки лифтинг на лицето, а во исто време комплетно тонирање на телото. Caci quantum апаратот освен за лице програмиран е и за третмани на тело.
НАЈНОВО: Најновата генерација на Caci quantum 2007 има и програма за:
- електролиполизата е третман кој е замена за липосукција, истиот прави стимулација внатре во масните ќелии, ги разградува мастите и со стимулирање на лимфниот систем тие се разградуваат; се дренирата течноста и ткивото се зацврсува. Електролиполизата е третман кој е познат како друга варијанта на липосукција, што значи отстранување на несаканите масни наслаги; ова е специфичен метод на електро стимулација која ја третира саканата регија создавајќи стимулација внатре во масните ќелии каде триглицеридите се менуваат во слободна масна киселина, за да можат да бидат излачени во течноста од ткивото и потоа да бидат испратени во лимфните клетки; масните наслаги отстранети со овој метод, отстранети се засекогаш.
- slimtone - програма за слабеење која врши елиминација на масните наслаги, го подобрува метаболизмот и помага при отстранување на токсините;
- contour - за подигнување и зацврстување;
- micro-lift - за затегнување;
- лимфна дренажа - со оваа програма се забрзува елиминацијата на масните наслаги;
- тонирање - со оваа програма нежно се тонираат мускулите и се поттикнува метаболизмот;
- програма против целулит - се редуцира целулитот од кој било дел од телото и ги отстранува токсините;
- е.ц.м - електро-целулитна масажа;
Сите програми на Caci Quantum 2007 најнова генерација се поусовршени, пософистицирани, со поголем избор на програмирање. Најважно од се, резултатите се видливи веднаш, посебно после липолизата веднаш се приметува намалување на обемот.