Image
Image Image ДОБРЕДОЈДОВТЕ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО МАНИКИР И ПЕДИКИР КОНТАКТ СО НАС НАКРАТКО ЗА НАС Image
Време на последна посета:

09.02.2012 11:09:44

Детокс Спа

Апарат за детоксификација

современ апарат кој ги елиминира штетните материи од организмот низ 2000-те пори на Вашите стапала за целосна детоксикација.

Здравјето и животот на луѓето зависат од волуменот на електрицитетот во телото. Човековото тело е како голем магнет што привлекува и задржува токсини. Био Енергетскиот детокс СПА систем е едноставен третман за кој ви се потребни само 30 минути.

Енергетскиот кертриџ создава проток на јони кои вршат ребаланс и хармонизирање, емитувајќи сигнали низ лимфните јазли, стимулирајќи на тој начин детоксификација. Како дел од нормалното функционирање на организмот, ние се детоксифицираме секојдневно, преку исфрлање на токсини низ бубрезите, црниот дроб, дебелото црево, лимфните јазли, белите дробови и кожата.

Токсините ги внесуваме преку цигари, алкохол, адитиви во храната, лекови, анестетици, пестициди, тешки метали и загадување.

Многу несакани појави,како летаргија и замор, главоболка и мигрена, настинка и грип, лоша кожа, проблеми со здив и мирис на телото, проблеми со синуси, намален имунитет,може да бидат предизвикани од недоволната детоксификација на организмот.

Нашето тело е многу сложена машинерија, но во неговата наједноставна форма претставува збир од клетки и ткива кои имаат свој електричен набој и во идеална ситуација имаат подеднаков број на негативни и позитивни јони. Во оваа идеална состојба телото е балансирано и самостојно ги исфрла токсините, а ги апсорбира хранливите материи, водата и кислородот.

Кога телото ќе доживее било каков стрес или траума(лоша исхрана, болест, повреда...), процесот на детоксификација се нарушува и токсините се задржуваат. Овие токсини ја нарушуваат нормалната работа на организмот, создавајќи средина за болести, алергии и проблеми со имунолошкиот систем.

Процесот на детоксификација ги отстранува токсините преку стапалата. Токсините се прочистуваат, без разлика на тоа каде се наоѓаат во телото.

Водата ќе ја промени бојата и без да ги ставите стапалата, поради нечистотиите и хемиските супстанции кои ги содржи. Нашето тело содржи 70% вода, која е неопходна за живот. Токсините добиени од телото се премногу слични како оние добиени од водата.

Различни бои и објекти ќе се појават во водата за време на третманот.

Забрани:

Третманот за детоксификација да не се користи кај:

- лица со бај пас и вградени магнетни делови;

- кај лица со срцеви заболувања и со низок крвен притисок;

- кај луѓе што претходно правеле операции на срце или трансплантација;

- бремени жени;

- жени во период на лактација;

Третманот за детоксификација е добар да се користи кај лица со заболени бубрези или кај оние што се на дијализа, бидејќи апаратот за детокс помага организмот да се ослободи од токсините кои не можат да се исфрлат преку бубрезите.

Луѓе со помалку од 50 години можат да го прават третманот секој втор ден. Една серија на третмани се состои од 14 третмани. По завршувањето на првата серијата третмани се препорачува пауза од три недели и повторно продолжување на третманот. Луѓе постари од 50 години треба да прават третмани секој трет ден. Една серија се состои од 14 третмани. По завршувањето на првата серија третмани се препорачува да се продолжи со третманот по две недели.

Резултати од третманот за детоксификација се:

- стимулиран имунолошки систем;

- подобрување на функцијата на бубрезите и црниот дроб;

- ја намалува болката на зглобовите;

- помага при губење на тежината;

- ги отстранува тешките метали;

- го подобрува метаболизмот;

- помага при артритис и ревматизам;

- дава одлични резултати кај жени во менопауза

Новости

Втор центар за убавина на Afrodita - S - ул.Салвадоре Аљенде 79-1/11, Водно.
тел.02/3 122 888, 02/3 122 889

НАЈНОВО!!! - Најново во Афродита-С липосукција без операција!

НАЈНОВО! - Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија!

НОВО! - MegaSun

НОВО! - во центарот за убавина Афродита С FITVIBE

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|Накратко за нас

Devoleped by InfoCentar
Skopje, January 2007