Електро стимулација
Што е електро стимулација?
 |
Ова е најстар метод за слабеење, редукција на целулит и сите неестетски надостатоци. Работи на слаба струја ги дразни нервните завршетоци кои почнуваат да работат и прават контракции при што се согоруват мастите кои се парцијално наталожени на критичните делови.
|
Значи додека лежите вашите мускули работат повеќе отколку да сте во теретана и тоа мускули кои тешко се поттикнуваат на вежба при класично вежбање.
Се користи за различни третмани:
- слаба циркулација
- опуштен тонус
- парцијална дебелина
- целулит
- електромасажа
- лимфна дренажа
- содржи избор од 10 третмани
Кај електростимулацијата електродите се нанесуваат на мускулот и дејствуваат директно на периферните, моторни нервни влакна. На тој начин мускулот се активира, па дури и оние пасивни мускулни компоненти се ставаат во полн погон. Значи дека кај електростимулацијата поголема мускулна маса станува вклучена во работа, т.е. енергетското трошење на мускулите предизвикано со електроимпулсот може да биде поголемо отколку со неговото нормално движење.
Енергијата која мускулот ја користи се добива од резервата на гликогенот и слободните масни киселини кои се стационирани во самиот мускул. Целта на електростимулацијата е трошење на мастите од организмот на оние делови од телото кои ги сметаме за најкритични.