Image
Image Image ДОБРЕДОЈДОВТЕ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО МАНИКИР И ПЕДИКИР КОНТАКТ СО НАС НАКРАТКО ЗА НАС Image
Време на последна посета:

09.02.2012 11:38:48

Маникир и педикир

Маникир

Маникир До скоро маникирот важеше за луксуз. Денес овие услуги се повеќе се користат. Редовниот маникир е одлика на уредност, хигиена и потреба, како за жени, така и за мажи. Нашиот салон за убавина Афродита С нуди многу услуги со најнови техники, со помош на кои успешно ќе го корегирате својот целосен изглед.

Покрај класичниот третман, поседуваме маникир продолжен со третман за нокти каде што се нанесуваат сите потребни витамини, масла, калциум, зајакнувачи и маски на ноктите. Доколку ноктите природно не изгледаат убаво, во тој случај имаме голем избор на техники на продолжување на природниот нокт со наливна техника со гел и акрилик. На тој начин се обликува ноктот по желба на клиентот, а природниот нокт не се оштетува. Овие нокти траат неограничено, само се надополнуваат еднаш на 4 недели. Сите препарати со кои работиме се со врвен квалитет и познати брендови на козметика, кои не го оштетуваат ноктот.

По желба на клиентот ги правиме сите декорации: вградени и надворешни, со штрас на Сваровски, каменчиња, суви цвеќиња, бисери, акрил во боја и безброј други, како на ноктите на рацете, така и на ноктите на нозете.

Покрај негата на ноктите, треба да се води грижа за негување на дланките за кои постојат посебни третмани (парафин топол и ладен, пилинг, масажа). Современата техника на моделирање на нокти ги задоволува вкусовите на сите клиенти со сите недостатоци. За еден час клиентите добиваат нови, зајакнати, еластични, долги и отпорни нокти.

Педикир

Педикир Денес секоја современа жена или маж има потреба од еднаш месечно стручно хигиенско уредување на стопалата и средување на ноктите.

Многу од нас имаат проблеми со задебелување на ноктот, појава на гљивици кои се шират на здравиот нокт, задебелување на петите, курјо око, плускавци. Тоа е резултат на современиот ритам на работа во неудобни чевли и слаба циркулација.

Во центарот за убавина Афродита С со најсовремени апарати се прават третмани на стапалата во многу хигиенски услови и стерилни препарати за една употреба, услови каде што можат сите тие недостатоци да ги отсраниме. Покрај класичниот имаме и педикир со третман за стапала и СПА педикир со масажа.

Во удобна столица со четири мотора јакузи и шест врсти на масажа на грбот пријатно ќе се опуштите и релаксирате, ќе заборавите на проблемите од секојдневието барем еден час, посвететеси на себе си.

Новости

Втор центар за убавина на Afrodita - S - ул.Салвадоре Аљенде 79-1/11, Водно.
тел.02/3 122 888, 02/3 122 889

НАЈНОВО!!! - Најново во Афродита-С липосукција без операција!

НАЈНОВО! - Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија!

НОВО! - MegaSun

НОВО! - во центарот за убавина Афродита С FITVIBE

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|Накратко за нас

Devoleped by InfoCentar
Skopje, January 2007