Масажи
Одржете ја вашата енергија и виталност
Секојдневието ја црпи нашата енергија и виталност. Одржувањеto на врвна форма честопати е предизвик. Но, затоа ние знаеме колку Ви е важно да се ослободите од напнатоста и да ја задржите Вашата виталност и фигура. Со прекрасните масажи на нашиот обучен кадар ќе откривате нови начини на терапевтски задоволства. Нудиме релакс масажа, антицелулитна, физикална, спортска и велнес клуб… Нудиме ослободување од негативна енергија, стрес, болки во мускулите до обликување на телото. Во пријатниот амбиент со посебни ефекти на музика Fung shui, ароматизирани цветови, миризливи свеќи, стапчиња, со помош на вешти раце ќе достигнете чувство на незаборани мигови. Топлите вулкански камења се поставуваат на енергетските точки со што се постигнува рамнотежа во организмот, а топлината која се пренесува преку масажа му помага на организмот да се ослободи од негативната енергија и напнатоста, му дава чувство на релаксација и хармонија. Во состав на оваа масажа се и полускапоцените камења кои имаат за цел да воспостават рамнотежа помеѓу духот и телото, и притоа да ја апсорбираат целата негативна енергија од телото.
 |
Масажа со топли вулкански камења
Ако ви недостасува енергија, ова е специјална масажа при што се употребуваат мазни, загреани вулкански камења кои имаат моќ и способност да апсорбираат топлина, и имаат смирувачко и релаксирачко дејство.
|
Топлите вулкански камења се поставуваат на енергетските точки со што се постигнува рамнотежа во организмот, а топлината која се пренесува преку масажа му помага на организмот да се ослободи од негативната енергија и напнатоста, му дава чувство на релаксација и хармонија. Во состав на оваа масажа се и полускапоцените камења што имаат за цел да воспостават рамнотежа помеѓу духот и телото и при тоа да ја апсорбираат целата негативна енергија од телото.
Откриена е во 1993 година од страна на Mary Hanningon од Аризона. Во масажата се употребуваат традиционални движења од шведска масажа, а камењата се стерилни и топли и се поставуваат на специфични точки долж рбетот, во дланките помеѓу прстите, помеѓу прстите на нозете со што се овозможува проток на енергија во телото. Се прават движења со специјални масла. Ова е еден од најдобрите антистрес третмани чија цел е за кратко време да се доведе телото во релаксирачка состојба. Заменува сеанса кај психијатар. Оваа масажа со топли вулкански камења се вбројува во јаки енергетски масажи, бидејки секој камен носи исклучителен електромагнетен потенцијал од внатрешноста на земјата и слика која ја сакате од надвор.