Image
Image Image ДОБРЕДОЈДОВТЕ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО МАНИКИР И ПЕДИКИР КОНТАКТ СО НАС НАКРАТКО ЗА НАС Image
Време на последна посета:

09.02.2012 11:43:35

Микродермо абразија

Потикнете ја вашата циркулација

Како што старее нашата кожа, така се појавуваат безброј промени. Видливи знаци на стареење на кожата почнуваат после дваесет и петтата година. Кога природниот, регенеративен процес почнува да се успорува, околу четириесет и петтата година, кожата забрзано почнува да старее поради зголемениот хормонален дизбаланс. Нашето тело произведува се помалку колаген, еластин и се намалува врзувачкото ткиво на дермисот и епидермисот, мрежата на капиларите слабее и наеднаш исчезнуваат поткожните мрсни клетки. Кожата станува безживотна, без сјај, поради слабата репродукција на клетките кои со текот на годините се се поспори и кожата задржува се помалку влага. Таа станува се потешка, поопуштена, со повеќе брчки, флеки, проширени пори, неубава боја и без сјај.

Пред и по третман

Микродермоабразијата се прави еднаш годишно како тераписки третман.

Медицинска микродермоабразија е процес на контролирано отстранување на задебелениот и изумрен слој на површината на кожата (Страту - цорнеум - мртвиот слој) со цел да се отстрани старата кожа со сите нејзини недостатоци кои се јавиле со процесот стареење, претерано сончање или како последица од акнозна кожа.

Микродермоабразијата поттикнува микроциркулација, бидејки работи на принцип вакуум со микро кристали кои прават блага абразија на кожата. Со тоа се овозможува подобро хранење на кожата и подобра пенетрација на активните материи кои ги внесуваме. Се стимулира нова продукција со раѓање на нови клетки и обновување на кожата. Старите изумрени слоеви се заменуваат со нови, а тој процес се нарекува ремоделирање на кожата без хируршка интервенција.

Со тоа се постигнуваат потполно видливи резултати во:

  • ремоделирање на кожата (подмладување)
  • атрофирана и остарена кожа без еластичност
  • бори-површни и подлабоки
  • кожа оштетена од сонце (пигментации)
  • старачки пеги и флеки
  • хиперкератози на тело (задебелување на кожата)
  • сите врсти на лузни на лице и тело
  • лузни како последица на акни
  • стрии
  • проширени пори
  • масна кожа

Третманот е пожелно да се прави во период кога сонцето е помалку присутно, од октомври до април, и еднаш годишно како тераписки третман за сите типови на кожа, за сите возрасти со проблеми, или превентивно да се замени периферната кожа со нова кожа со подобра структура. Со тоа и се стопира процесот на стареење, и на кожата и се дава влажност. Третманите се прават еднаш неделно, а се препорачуваат од 10-15 третмани во континуитет. Препорачливо е да се прави 1 третман месечно на убаво исчистена кожа (пред класичен третман).

Новости

Втор центар за убавина на Afrodita - S - ул.Салвадоре Аљенде 79-1/11, Водно.
тел.02/3 122 888, 02/3 122 889

НАЈНОВО!!! - Најново во Афродита-С липосукција без операција!

НАЈНОВО! - Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија!

НОВО! - MegaSun

НОВО! - во центарот за убавина Афродита С FITVIBE

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|Накратко за нас

Devoleped by InfoCentar
Skopje, January 2007