New Skin Peeling
 |
New skin peeling - од др.Темпт лабораторија. Природна микродермоабразија за обновување на кожата, третман кој се препорачува оваа сезона, кога сонцето е со намален интензитет.
New skin peeling се користи за отстранување на нечистотијата, изумрениот слој на кожата и мртвите клетки кои ја прават да изгледа уморно. Оригиналната структура на кожата ќе биде повторно вратена и ќе се стимулира регенерација на клетките. Со овој третман кожата ќе биде длабоко исчистена и обновена, а резултатот е здрав и блескав изглед.
|
Сето ова се остварува со комбинација на механички, хемиски, ензимски пилинг и овошни киселини, а се постигнува огромен ефект. Се препорачуваат 8 третмани, по два третмани неделно, и за еден месец се добива помлада кожа со подобра структура, подобра боја, подобра циркулација и сјај.
New skin peeling-от е дополнет со производите кои овозможуваат "поддршка" на пилинзите, ја смируваат кожата и помагаат во регенерација и нега на истата.
New skin peeling-от се применува на сите типови кожа. А најдобар е за масна, погруба кожа, кожа со отворени пори, пигментни флеки, за опуштена кожа и мимичести брчки.