Image
Image Image ДОБРЕДОЈДОВТЕ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО МАНИКИР И ПЕДИКИР КОНТАКТ СО НАС НАКРАТКО ЗА НАС Image
Време на последна посета:

04.09.2010 21:04:28

Радио френквенција

Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија.

Што е радиофренквенција и како делува?

Во контекст на естетиката, радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. На периферијата на кожата се создава температура од 40 степени, додека во поткожното ниво температурата е до 60 степени. Нејзиното дејство е такво што ги користи ниските бранови од радиофренквенцијата од 3 кHz (килохерци) – 300 MHz (мегахерци), кои со ниска фреквенција овозможуваат одлични резултати.

Биполарната радиофренквенција е поусовршена од монополарната во однос на резултатите кои се постигнуваат.

Монополарна е првата генерација на радиофренквенција која не е толку усовршена, бидејќи струјата поминува преку големите површини на телото, и поголемиот дел од стујата се троши и поминува преку васкуларниот систем, па поради тоа не доаѓа до ефективно загревање на масните наслаги и резултатите се неспоредливо помали.

Биполарната е поусовршен метод на радиофренквенција каде целата енергијата е фокусирана во центарот помеѓу двете електроди што се наоѓаат на една сонда. Предноста на биполарната радиофренквенција е што може да се постигне истовремено третирање и во длабоките и на површните слоеви на кожата. Поради тоа третманот е безболен и пријатен, давајќи моментални резултати за многу краток временски период.

Целулитот претставува спор дегенеративен процес кој се одвива во поткожното масно ткиво и се манифестира на површината на кожата во облик на кора од портокал. Денес повеќе од 80 % од девојките над 18 години се опфатени со некоја фаза на целулит, дури и оние со мала телесна тежина.

Површината на кожата во облик на кора од портокал најчесто се наоѓа на бутините, задникот и стомакот. Локалното загревање на тие површини ја зголемува количината на течни масти, кои што се ослободуваат со загревање на ткивото. Со помош на оваа технологија ефикасно се третира целулитот во неговиот центар. Оваа врвна технологија селективно ги загрева масните клетки под кожата, без оштетување на околното ткиво. Благодарение на комбинирањето на биполарната радиофренквенција во еден апликатор во исто време се загреваат и површните и длабоките масни слоеви.

Овој третман е без болка, бидејќи работи на ниска фреквенција и загрева таму каде што е потребно, резултирајќи со видливи клинички резултати.

Брзо и ефикасно, за кратко време, само со неколку третмани се постигнуваат врвни резултати. Потребни се од 5 до 8 третмани за максимални резултати.

Освен редукција на целулит и масни наслаги содржи програма за затегање на кожата на лицето и телото. Со селективното електро загревање при самиот третман, се овозможува пенетрација на радиобрановите во длабоките слоеви на епидермисот и дермисот без оштетување на здравите ткива.

Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. При тоа се создава мазна и здрава кожа која изгледа помладо.

Овој третман за регенерација на колагенот е клинички одобрен кај сите типови на кожа за нејзино затегање, а исто така може ефикасно да се затегне и кожата на вратот, деколтето и рацете.

Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен со компјутеризиран систем за работа. Најважно од се е со конкурентна цена и наша гаранција.

Наша понуда

НОВО!!! - Промотивни пакети за матуранти (надградба на нокти, надградба на трепки, педикир,депилација, шминка, солариум...)
Одберете го Вашиот пакет!!!

НАЈНОВО!!! - Најново во Афродита-С липосукција без операција!

ВРАБОТУВАЊЕ! - Имаме потреба од од козметичари и фризери!!!

НАЈНОВО! - Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија!

НОВО! - MegaSun

НОВО! - во центарот за убавина Афродита С FITVIBE

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|Накратко за нас

Devoleped by InfoCentar
Skopje, January 2007