Image
Image Image ДОБРЕДОЈДОВТЕ ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ТРЕТМАНИ ЗА ТЕЛО МАНИКИР И ПЕДИКИР КОНТАКТ СО НАС НАКРАТКО ЗА НАС Image
Време на последна посета:

09.02.2012 11:16:34

Alpha LED Spa capsule

Што е Alpha LED Spa capsule

Прва светска Спа капсула за целото тело со LED light (LED - L- light, E-emitting, D-diode – Диода која емитува светлина) со докажани резултати. Вклучува различни програми за намалување на тежината, намалување на обемот, масажа, музичка и ароматерапија.

Интензивното ЛЕД светло креира нов Спа третман за целото тело и ги подобрува класичните Спа третмани.

Комбинацијата од светлосна и физичка стимулација во целост го подобрува балансот во организмот, ја стимулира циркулацијата, детоксифицира, ја намалува тежината и делува на смирување на духот со помош на алфа стимулот, ароматерапијата и музичката терапија.

Намалување на обемот и намалување на тежина се врши преку:

  • тонифицирање и затегнува
  • зацврстување
  • детоксификација
  • метаболичка стимулација

Против стареење:

  • кај хиперпигментација
  • старечки флеки
  • редукција на брчки
  • обновување на колаген
  • стимулација на еластичноста

Дерматолошки третман:

  • против акни
  • намалување на лузни
  • други промени на кожата

Ова е најприродна и неинвазивна терапија со многу силен извор на енергија. Работи врз база на светлосна бранова должина вградена во оџи капсулата, додека со комбинација на светлосните должини се постигнуваат различни ефекти. Секоја боја има различни ефекти.

  • црвена : ја стимулира циркулацијата и подмладува
  • портокалова : ги подигнува духот и енергијата
  • жолта : енергизира и поттикнува подобро расположение
  • зелена : ги урамнотежува телото и духот
  • сина : ги полни батериите на телото преку релаксација
  • виолетова : ги релаксира и смирува нервите, го прочистува умот

Карактеристиките на секој програм на овој апарат се:

  • фиксирани светлосни бранови
  • работи со сува топлина
  • вибрациона масажа
  • ладен воздух на лицето
  • топлина на задниот дел од телото - грбот
  • ароматерапија
  • музичка терапија
  • кислородна (оксигенска) терапија

Како се постигнува намалување на тежината со помош на овој апарат?

Најдобри резултати се постигнуваат со:

  • серија од 6-12 третмани (кои се препорачуваат)
  • 3 пати неделно - активен програм
  • 2 пати месечно - за одржување.

Намалувањето на тежината се врши преку:

  • забрзување на метаболизмот
  • аклиматизација
  • со помош на потењето се согоруваат калории
  • детоксификација и прочистување
  • ја подобрува кардиоваскуларната работа
  • замена за физичка активност
  • вибрациона масажа
  • ароматерапија
  • алфа стимулација
  • подмладување на клетките

Забрзување на метаболизмот:

ЗЗабрзувањето на метаболизммот се врши со помош на зголемување на температурата И тоа, со зголемување на телесната температура за еден степен се ззабрзува метаболизмот за 6%. Забрзаното губење на калории се врши дури и 6-8 часа по третманот.

Аклиматизација:

Со поголемото аклиматизирање се повеќе се потите. Нормално човекот се ослободува од течностите преку потење и губи околу 1,5 литри на ден, додека лицето кое се третира на овој апарат може да изгуби дури и по 3,75 литри на ден, а со тоа се ослободува од вишокот течности во организмот, се прочистува.

Со потењето се губат калории:

Потењето е дел од терморегулативниот процес на организмот, со што се зголемува работата на срцето и на метаболизмот. Потењето троши енергија која се мери во калории, значи со зголемување на потењето се зголемува трошењето на калории. Со третман со средна температура може да се изгубат околу 390 калории, што е еднакво на пешачење на 3-5 километри. Додека со третман со висока температура може да се изгубат 600-800 калории, што е еднакво на пешачење на 5-10 километри.

Детоксификација

За процесот на детоксификација одговорни се бубрезите и црниот дроб. Тие ги отфрлаат сите токсини од организмот. Меѓутоа, ако организмот е преполн со токсини, бубрезите и црниот дроб не можат адекватно да ги отстранат токсините, а како резултат на тоа овие материи се таложат во масните клетки и тежината се зголемува. Овој апарат овозможува внатрешно прочистување на организмот.

Подобрување на срцевата работа

Истражувањата покажале дека 16 минути третман во сауна три пати неделно во период од шест недели ја подобрува работата на срцето. На овој апарат еден третман трае 45 минути, значи повеќе од што е потребно.

Замена за физичка работа

Бидејќи ја зголемува работата на срцето и го зголемува потењето, го намалува стресот, значи има подеднакви функции, се предизвикуваат исти физиолошки процеси како и при физичката активност.

Масажа

Со масажата се врши релаксација на мускулите, значи се врши релаксација.

Ароматерапија

Ароматерапијата го релаксира духот со помош на разни природни мириси.

Алфа стимул

Со намалување на светлината се намалуваат и брановите во мозочните клетки, со тоа се намалува активноста на мозокот, попозната како алфа состојба која има влијание на релаксација на духот.

Колку тежина може да се губи со Alpha LED апаратот?

Број на третмани

Просечно губење

1

0.5 - 1.5 кг

3

2-3 кг

12

7-10 кг

24

12-25 кг

Новости

Втор центар за убавина на Afrodita - S - ул.Салвадоре Аљенде 79-1/11, Водно.
тел.02/3 122 888, 02/3 122 889

НАЈНОВО!!! - Најново во Афродита-С липосукција без операција!

НАЈНОВО! - Конечно резултати кои можат да се споредат со оние на пластична хирургија!

НОВО! - MegaSun

НОВО! - во центарот за убавина Афродита С FITVIBE

Третмани за лице|Третмани за тело|Маникир и педикир|Контакт со нас|Накратко за нас

Devoleped by InfoCentar
Skopje, January 2007